Каква среќа за Лука Станковски: Го избегна катастрофалниот земјотрес поради – два дена слободни!

t

Каква среќа, голема, огромна среќа за Лука Станковски. Имено познато е Турција беше погодена од силен земјотрес, епицентарот е во близина на Газијантеп, градот во кој живее и игра за истоимениот тим нашиот младински репрезентативец. Во Газијантеп има стотина мртви, има урнати згради, урната е старата тврдина, но Лука Станковски сето тоа го одбегна поради фактот дека добил од клубот два слободни дена и тој лошите вести од Турција го слушна во Скопје.

Навистина среќа за Лука и неговите најблиски.

Некогашниот фудбалер на Работнички е во постојана комуникација со клубот, исто така е и во комуникација со неговите клупски соиграчи. Зградата каде што е неговиот апартман е во ред па така една грижа помалку за Лука.

Извор: sportmedia.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…

Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…

Момче од Штип било принудувано да зема…

На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…

На Богородица и Табановце од македонска страна…

На граничните премини Богородица и Табановце, од…

САД ја повикуваат Кина да го одврати…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…

ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје

Работите по една година од владата на…