КАКВА ЧЕСТ: Елмас првпат капитен на Наполи на официјален меч
Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас вечерва е капитен на Наполи во куп-пресметката со Кремонезе на „Диего Марадона“, првпат на еден официјален меч откако во август лани на пријателски меч против нисколигашот Јуве Ставија (3-0) првпат ја носеше капитенската лента.
Македонскиот репрезентативец од јуни 2019 година е дел од Наполи, па тимот што го извади Лучано Спалети на мечот со Кремонезе, практично е најискусен, иако „дијамантот“ има 23 години и со ова стана најмладиот капитен на Наполи на еден меч по Лоренцо Инсиње, кој летоска замина во МЛС-лигата.
Инсиње, исто така на 23 години првпат ја имаше капитенската лента на поранешниот двоен италијански првак. Елмас ја игра најдобрата сезона откако е во Италија, зашто веќе има пет гола досега во Серија А и една асистенција, иако има далеку помала минутажа во однос на ланската сезона која му беше најдобра.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…