Како блокадата на ИПАРД 3 програмата ќе влијае на земјоделците?
Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем.
И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека единствена опција во моментов е само да се почека и да се види каков ќе биде исходот, но дека парите кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции се веќе вложени од нивна страна и ова претставува дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа станува збор за големи суми.
Инаку, за ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монах повреден на Халкидик при скок од…
Монах, кој не се чувствувал добро и…
Ме соблекуваа гол пред келија за претрес,…
Јане Ченто во „Претрес со Ландов“, вели…
Трамп: САД ќе го добијат иранскиот збогатен…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Иран: САД се обидуваат да нè принудат…
Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф денес…
Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека…