Како во филм на НЕТФЛИКС: Бајден именуваше портпаролка, црнкиња и лезбејка, истакнувајќи го нејзиното искуство и талент
Американскиот претседател Џо Бајден назначи нова портпаролка на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, првата црнкиња и прокламирана лезбејка на таа функција, истакнувајќи го нејзиното досегашно искуство, талент и искреност.
Карин Жан-Пјер беше заменичка на портпаролката Џен Псаки и ќе ја преземе функцијата на 13 мај, соопшти Белата куќа.
– Таа ќе биде првата црнкиња, прокламирана ЛГБТК+ личност на оваа позиција. Таа ќе им го даде својот глас на многу луѓе и ќе им овозможи на многумина да сонуваат големи соништа, напиша Псаки на Твитер, најавувајќи од самиот почеток дека ќе се повлече за време на мандатот.
Псаки од Белата куќа заминува на телевизискиот канал MSNBC, јавуваат американските медиуми.
Карин Жан-Пјер (44) е родена во Мартиник. Нејзините родители, по потекло од Хаити, емигрирале во САД. Таа пораснала во Њујорк, каде што нејзиниот татко работел како таксист, а нејзината мајка се грижела за домаќинството. Таа живее со новинарка на Си Ен Ен и имаат една ќерка.
Жан-Пјер дипломирала на престижниот Универзитет Колумбија, а потоа влезе во политиката, често истакнувајќи дека животниот пат на нејзиното семејство, пример за „американскиот сон“, ја одредил нејзината кариера.
Таа работеше и во кампањите на Барак Обама, а потоа и во кампањата на Џо Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…