Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

t

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

Франција ги демантираше руските тврдења дека покажала…

Франција ги демантираше руските тврдења дека покажала…

Сијарто: Унгарија и Украина ќе потпишат договор…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Израел сака да мобилизира резервисти за својата…

Израелската армија сака да мобилизира резервисти за…

Украдени 30 милиони долари од приватен сеф…

Крадци одзеле 30 милиони долари од приватен…