Како Норвешка ја одбра иднината и зошто тоа е лекција за сите нас

t

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто тоа е лекција за сите нас

Во 1905 година Норвешка ја прогласува својата независност од Шведска. Земјата тогаш има околу 2,2 милиони жители и економија базирана главно на рибарство и шумарство, без индустрија и без значајни природни ресурси. Со децении таа останува сиромашна држава.

Сè се менува во 1969 година, кога Phillips Petroleum открива огромни резерви на нафта во Северното Море. Странските нафтени компании веднаш побрзаа кон Норвешка, нудејќи договори за експлоатација и брза заработка од нафтата.
На овие понуди се спротиставува Јенс Евенсен, тогашниот норвешки министер за индустрија, правник и дипломат. Наместо да се води од желбата за брзи пари, Евенсен внимателно ги проучуваше искуствата на земји богати со ресурси како Ирак, Иран, Венецуела и Нигерија. Таму го виде истот образец: природното богатство не донело развој, туку корупција, нееднаквост и политичка нестабилност.

Затоа неговата цврста одлука беше да не дозволи истото да се случи и во Норвешка. Затоа до Парламентот го поднесе Законот за нафта, револуционерен за тоа време. Со истиот се предвидуваше целосна државна контрола врз нафтата и нафтената индустрија, задолжително споделување технологија од странските компании и обука на норвешки работници, без можност за брза заработка и без простор за корупција.

Големите нафтените компании не го сакаа таквиот пристап и повеќето си заминаа. Тоа не го обесхрабри Евенсен и во 1972 година Норвешка ја формираше Statoil (денес Equinor), како целосно државна компанија, со поддршка од тогашниот премиер Тригве Братели. Парламентот донесе клучна одлука природните ресурси им припаѓаат на сегашните и на идните генерации.

Во 1990 година министерот за финансии Арне Скоген предлага формирање на Владин пензиски фонд. Секоја круна заработена од нафтата ќе оди во Фондот, кој ќе инвестира транспарентно ширум светот. Се воведе строго правило: државата може да користи најмногу 4% годишно од средствата на фондот.Ниту една влада не може да го менува тоа правило и не постојат исклучоци. Како резултат на тоа во 1996 година, Фондот располагаше со 19 милијарди долари, додека во 2024 година, со 1.600 милијарди долари. Денес Норвешка е меѓу најбогатите држави во светот според БДП по глава на жител. Јан Евенсен почина во 2004 година. Не доживеа да го види овој историски резултат, меѓутоа тоа е човекот што одби да ја продаде иднината на својата земја и се спротистави на алчноста и брзата заработка.

Дали можеме да извлеечеме некаква паралела некаква поука за нас?

Македонија можеби нема нафта, но има/ше вредни јавни ресурси вода, сонце, ветер, минерали, енергетска и телекомуникациска инфраструктура. Прашањето е како управуваме со истите.

Нашите водени ресурси, ги третираме како неисцрпен ресурс, со загуби во водоводните системи од над 50%, без долгорочна стратегија за хидропотенцијалот и заштита на изворите. Имаме ветер и сонце, во кои државата ретко е стратешки инвеститор, најчесто се отстапуваат потенцијалите без јасна долгорочна корист за граѓаните.
Нашите минерални суровини, најчесто се концесионираат под услови што не носат ниту соодветен фискален приход, а прашање е колку ги задоволуваат еколошките стандарди.

Иста е состојбата и со енергетска инфраструктура и телекомуникациската инфраструктура, која е во најголем дел продадена и каде не постои конзистентна политика за развојот, туку се користи само за политички влијанија.
Наравоучение е дека Норвешка не стана богата поради нафтата, туку поради институции, визија и политичари што не беа мотивирани од алчност и желба за брза заработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

„Аксиос“: По истекот на СТАРТ, Путин и…

САД и Русија почнаа преговори за продолжување…

Ристоска: Очекувам да бидам избрана за државен…

Јас очекувам да бидам избрана за државен…

Минчев за Фокус: СДСМ за мене не…

Во интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар…

Бугарскиот пратеник Герчев: Гоце Делчев го посвети…

Бугарскиот пратеник Иван Герчев со изјава се…