Како фирмата на градителот на диво Нефи добила работа да изведува капитална инвестиција во енергетиката!?
Мафијата на власт ДУИ-СДСМ ја користи секоја прилика, секој народен денар, да ги богати фирмите на своите блиски и на своите функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа осиромашува народот, а мафијата на власт се богати.
Владата должи одговор како и според кој критериуми е ангажирана фирмата на Нефи Усеини ќе учествува во изградбата на 400 киловолтниот далновод од Битола до Албанија?
Како од толку многу реномирани компании со искуство во овој тип на градежни активности, токму компанијата на контроверзниот функционер на ДУИ ја доби оваа работа?
Да потсетиме дека Нефи Усеини е познат по изградбата на дивоградбата во центарот на Охрид, по дивоградбата бетонска база непосредно до брегот на Охридското Езеро, познат по насилства и тепачки, познат по тоа добиваше тендери за рушење на дивоградби во Охрид иако самиот е градител на диво.
Да биде срамот поголем пиунот Ковачевски, администратор на владата на ДУИ, рамо до рамо го промовираше овој проект заедно со Нефи.
Очигледно дека Ковачевски наголемо ја продолжува праксата на заевизмот за богатење на компании блиски до партиите на власт“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…