Калас: Новиот пакет санкции против Русија ќе биде готов следниот месец
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека ЕУ ќе продолжи да презема мерки против воената економија на Русија и дека следниот пакет санкции против Москва ќе биде готов следниот месец.
Калас тоа го објави на Х по виртуелниот состанок на европските лидери за војната во Украина. Разговорот се одржа еден ден откако украинскиот претседател и неколку европски лидери се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Калас рече дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен состанок беше очигледно“ и дека темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија беа високо на агендата за разговорите следната недела, кои ќе ги водат министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ.
„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа безбедносните гаранции мора да бидат силни и сигурни за да ја одвратат Русија од реорганизирање и повторно напаѓање“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Новиот пакет санкции против Русија ќе…
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…
Уапсен е 36-годишникот од Косово кој силувал…
Маж од косовскиот град Пеќ е во…
Уапсени три лица во Штип, при претрес…
Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и…
Кремљ ја минимизира можноста за средба меѓу…
Кремљ ги намали шпекулациите за претстоен самит…
Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана…
И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од…