Објавено на:

Калед Мешал е именуван за в.д. лидер на Хамас

t

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.

Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.

Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.

Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се закани на Хамас веднаш…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас…

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…

(Видео) Страшно сведоштво на израелски заложник на…

„Малку леб и малку вода. Не можев…

Хамас предаде уште двајца заложници на Црвениот…

Палестинската екстремистичка група Хамас му предаде уште…

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во…

Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца…