Објавено на:

Нетанјаху: Израел веројатно го уби лидерот на Хамас

t

Израел веројатно го убил лидерот на Хамас, Мохамед Синвар, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, цитиран од БТА. Израелскиот напад врз болница во јужниот дел на Појасот Газа претходно овој месец беше насочен кон Синвар, иако неговата смрт не беше потврдена ниту од Израел ниту од Хамас.

Според информациите од болничките службеници, во нападот загинале неколку лица. Израелската војска соопшти дека извршила „прецизен напад врз терористите на Хамас во командниот и контролен центар“. Мохамед Синвар е помладиот брат на Јахја Синвар, кој се смета за мозок на нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година и беше убиен од израелските сили во Газа во октомври минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…