Каменица Саса со „Пеле“ и „Робен“ тргнува по опстанок во ВМФЛ
Македонскиот второлигаш, Каменица Саса, се пофали со две нови засилувања во зимскиот преоден рок, кои ќе треба да ја збогатат ротацијата во тимот.
Каменичани пред себе имаат тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво, а во таа насока ќе треба да им помогнат новите аквизиции, Дарко Алексовски и Мартин Димоски, кои имаат прекари „Пеле“ и „Робен“.
„Дојдовме со цел да помогнеме во борбата за опстанок на ФК Каменица Саса. Се надеваме дека со нашето повеќегодишно фудбалско искуство, ќе успееме да ги исполниме клупските очекувања за продолжување на второлигашкиот фудбал во овој град.
Како поранешни фудбалери на Саса, можеме да кажеме дека ја познаваме позитивната атмосфера за работа во тимот. Тоа веруваме дека ќе биде дополнителен мотив за сите, по што Саса ќе го врати своето заслужено место во македонскиот фудбал“, истакнаа Алексовски и Димоски по пристигнувањето во Македонска Каменица.
Каменица Саса го заврши есенскиот дел во ВМФЛ со само осум освоени бодови и во моментов го држи „фенерот“ на табелата. Тимот е пред сериозен предизвик, но со новите засилувања, би можел да направи исчекор и да се задржи во второлигашката конкуренција.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Малолетник во Струга со мотоцикл прегази девојче…
МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…
Претрес во Охрид, приведен е дилер
На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид,…
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…