Објавено на:

Камионџиите го блокираа граничниот премин меѓу САД и Канада, распоредени вооружени специјалци на границата

t

Конвој камиони кои протестираа против одлуката да се вакцинираат камионџиите го блокираа граничниот премин меѓу Америка и Канада. Властите во канадската провинција Алберта испратија вооружени, специјални полициски сили да ја пробијат блокадата на граничниот премин со американската држава Монтана.

Канадски камионџии го блокираа граничниот премин за време на викендот, додека илјадници нивни колеги го продолжија патот кон канадската престолнина Отава.

Опкружени од специјалните единици на кралската канадска коњаничка полиција, камионџиите решија да отворат една лента за локалниот сообраќај и да ги пуштат сите што сакаат да си заминат, но останаа на своите барања да не го напуштаат граничниот премин додека не се исполнат барањата.
Според градоначалникот Џим Вилет, околу 100 камиони го блокирале автопатот 4 на канадската страна, предизвикувајќи колона долга милја на меѓудржавниот автопат Монтана.

Околу 50-100 камиони наводно се заглавени на американската страна од саботата.
Премиерот на Алберта Џејсон Кени, кој е во Вашингтон на состанокот на гувернерите, ја осуди блокадата и повика на нејзино итно суспендирање бидејќи „се предизвикуваат значителни непријатности на возачите кои го почитуваат законот“.

Камионџиите протестираат против одлуката на властите на САД и Канада, кои наредуваат да бидат „целосно вакцинирани“ против Ковид 19, пренесува RT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…