Камион излетал од коловоз и се запалил, возачот со тешки повреди

t

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…