Каракачанов избран за претседател на ВМРО-БНД

t

Денеска на IX вонреден конгрес на бугарската партија „ВМРО – Бугарско национално движење“ истата за претседател го избра Красимир Каракачанов, соопшти прес-центарот на партијата.

Во новото раководство на ВМРО се и потпретседателите Милен Михов, Красимир Богданов, Карлос Контрера, организациониот секретар за работа со структури Александар Сиди, секретарот за политики за Бугарите во странство Јулијан Ангелов, членовите Ангел Џамбазки, Иво Пазарџиев, Георги Дракалиев, Антон Иванов, Красимир Червилов, Богомил Бранков, Стојан Божинов, Петар Петров, Георги Петров, Атанас Стојанов, Владимир Митов.

Изборот на еден претседател дојде по промената на уставот на партијата, во кој досега стоеше дека управуваат тројца копретседатели. За кандидат за претседавач денеска беше предложен Ангел Џамбазки, но најголем дел од делегатите на конгресот гласаа за Красимир Каракачанов.

Конгресот на ВМРО упати барање да продолжи да ги брани принципите на автентичниот бугарски национализам и да се бори за правата на секој Бугарин, каде и да е во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов избран за претседател на ВМРО-БНД

Денеска на IX вонреден конгрес на бугарската…

Бугарската ВМРО ја блокира границата кон Македонија:…

Бугарската партија ВМРО-БНД денеска организирала протест, при…

Каракачанов: Се однесуваат како ние да сме…

Каде што европратеникот Ангел Џамбаски застана во…

Ексклузивно со Каракачанов – Македонија нема да…

Бугарија нема да отстапи од своите барања…