Објавено на:

Бугарската ВМРО ја блокира границата кон Македонија: Бараат враќање на ветото

t

Бугарската партија ВМРО-БНД денеска организирала протест, при што симпатизери и членови на партијата околу еден час го блокирале патот кон граничниот премин Ѓуешево- Деве Баир, поради како што велат, несогласување со политиката на бугарското владеачко мнозинство кон Македонија.

По интервенција на полицијата, една од коловозните ленти била расчистена и етапно се пропуштале автомобилите и камионите.

-Денеска се навршува една година од усвојувањето на планот „Макрон“ од страна на актуелната владејачка коалиција – ГЕРБ, ПП и ДПС, наводно со благородна цел како тој ќе ги подобри односите меѓу двете земји и ќе ги реши проблемите. Но, се случува токму спротивното, рекол почесниот претседател на партијата и поранешен бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов и додал:

-Во оваа една година бевме сведоци на палење и пукање со пиштоли по бугарски клубови, тепање Бугари, донесен закон во Собранието на Скопје за забрана на бугарските здруженија и агресивна антибугарска кампања. Ова што се случува во Република Северна Македонија е отворена провокација кон Бугарија, бидејќи бугарските политичари под надворешен притисок го прифатија т.н. план „Макрон“, изјавил тој.

Каракачанов објаснил дека барањата на граѓаните се францускиот предлог-преговарачка рамка да биде отфрлен од бугарскиот Парламент и Софија да наметне цврсто и јасно вето врз основа на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година.

Во меѓувреме, бугарската полиција им изрекла парични казни на Каракачанов и уште седуммина кои го блокирале сообраќајот. Ќе треба да платат по 100 лева бидејќи немале дозвола и не го пријавиле протестот во полиција, пренесуваат бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…