Карлеуша нема да меша како да е на центрифуга: Митко Јанчев го откажа настапот на Јелена за Тиквешкиот Гроздобер
“Драги кавадарчани,
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите.
И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна.” – напиша Митко Јанчев на својот фејсбук профил
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…