Касами вработил осум советници: Ги плаќа дури по 10 денари месечно
Билал Касами, градоначалникот на Општина Тетово го објави списокот на 544 лица со кои претходната градоначалничка на општината склучила 811 договори на дело. Согласно податоците, примале хонорари од 9.000 до 30.000 денари на месечно ниво.
Градоначалникот посочи дека повеќе лица не доаѓале ниту на работа, а пак редовно си ги примале финасиските средства. Потоа најави дека ќе ги објави сите договори на дело што физички ќе ги склучи со општината.
Оттаму пак, на социјалната мрежа Фејсбук ги објавија имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари.
„Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник.
Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово.
Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук“, се вели во постот на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…