Кацарска во интервју за бугарска телевизија: Нема правна пречка за влез на Бугарите во Уставот

t

Нема никаква законска пречка Бугарите да станат дел од Уставот на Република Македонија, вели во интервју за бугарската телевизија НОВА, претседателката на Уставниот суд на Република Македонија, Добрила Кацарска.

– „Република Македонија има демократски Устав од 1991 година. Од гледна точка на уставното право, ние сме подготвени да бидеме дел од европското семејство. Ние сме мултиетничко општество. Македонија е земја на македонскиот народ, но и на другите – албански, турски, ромски, српски… Малцинските општества имаат потполно исти права како македонското. Нашиот Устав не содржи ниту една одредба која ги ограничува правата на Македонците и малцинствата. Еднакви права и слободи – на изразување , на размислување, на политичка припадност итн. Не. категорично рече судијата.

Таа прецизира дека Македонија ја потпиша Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа. „Ние ги признаваме правата на сите наши граѓани. Политичарите не ме прашаа за мислење за случајот, но ако ме прашаат мене, како правник, ќе одговорам – нема законска пречка македонските граѓани кои се дефинираат како Бугари да да бидат вклучени во Уставот“, вели Кацарска.

Според неа, таа не поддржува никакви акти на насилство, но мора да признаеме дека во сите земји има изолирани случаи.

-„Не само во Европа, туку и во светот. Во однос на бугарските здруженија треба да се разјасни дека и судот може да греши, иако се грижиме за правата на малцинствата. Пример е случајот со здружението „Радко“. Кога судот донесе негативна одлука пред околу 10 години се обратија до судот во Стразбур.Така е регистрирано и функционира и денес. Ние ги почитуваме пресудите на ЕСЧП максимално. Донесена е измена на Законот за регистрација на здруженија, каде што се наведени условите за ова. Доколку се исполнети и се докаже, нема пречка“, нагласи судијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…

Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…

Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…

Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…

Tројца Бугари осомничени за сквернавење на споменик…

Три лица од Бугарија се осомничени за…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…