Се чекаат пресуди за Бугарите обвинети за шпионажа во Велика Британија
Казните на шестемина Бугари прогласени за виновни во Велика Британија за шпионажа во корист на Русија ќе бидат изречени денес. Се очекува тие да добијат казни затвор од 14 до 15 години, објави БНТ.
Пет члена на мрежата беа уапсени пред 2 години. Шестиот член беше уапсен во 2024 година.
Процесот започна во октомври минатата година. Орлин Русен, Бисер Џамбазов и Иван Стојанов ја признаа вината.
Другите – Катрин Иванова, Вања Габерова и Тихомир Иванчев – се изјаснија за невини.
За време на судењето, стана јасно дека Бугарите ги планирале своите операции помеѓу 2020 и 2023 година на територијата на Велика Британија, Австрија, Шпанија, Германија и Црна Гора.
Инструкциите биле добиени од рускиот агент Јан Марсалек, австриски државјанин за кој се верува дека се крие во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија депортира Бугари обвинети за шпионажа за…
Двајца Бугари кои беа обвинети во Велика…
Радев: Македонија треба само да ги впише…
Единственото нешто што треба да го направи…
Иран погуби поранешен ММА-борач осуден дека шпионирал…
Иран неделава го погубил поранешниот ММА борец Голамреза…
Иран обеси студент, обвинет за шпионажа за…
Иранските власти денеска го егзекутираа Ерфан Шакурзаде,…
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…