Кацарска: Граѓаните побрзо ќе дојдат до правда со воведување уставна тужба
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешниот работен состанок со претседателите на државата, Собранието и на Владата, Стево Пендаровски, Талат Џафери и Димитар Ковачевски го отворила прашањето за воведување уставна тужба, за што побарала поддршка, откако Судот ќе биде комплетен и избран потребниот број уставни судии.
– Со воведувањето уставна тужба ќе се отвори можноста граѓаните побрзо да дојдат до правда, наместо со години да чекаат одлуки од Европскиот суд за човекови права и да не се изложуваат со големи трошоци пред судот во Стразбур, изјави Кацарска.
Уставната тужба, посочи таа, е можна само со промена на Уставот и проширување на членот 110, алинеја три со сите слободи и права, затоа што сега се ограничени и може да бараат заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои што се однесуваат на слободата на уверување, јавното изразување на мислата, политичкото дејствување и здружување и забрана на дискриминација по пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.
– Уставниот суд, судиите и јас како претседател на Уставниот суд, сме силни поддржувачи на воведување на уставна тужба. Тоа може единствено да се реши преку отворање на Уставот, со проширување на надлежностите на Уставниот суд. Убедена сум, дека сите политички партии, сите претставници во Парламентот ќе ја поддржат ова идеја, затоа што ова ќе биде првпат да се отвори уставот за прашања кои што ги засегаат буквално сите граѓани, без оглед на пол, национална, верска, политичка припадност. Тоа е позитивно за сите граѓани и верувам дека тука ќе има консензус помеѓу сите, изјави Кацарска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…