Објавено на:

Кај виновна, па и се буни – Османи ги нападна Мицкоски и Курти: Прес-конференцијата на беше за жалење

t

Косовската претседателка Вјоса Османи никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.

– Претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – значи и државата – како потенцијален ризик од тероризам, се вели во реакцијата на Претседателството на Косово, во врска со вчерашната заедничка прес-конференција на премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Прес-конференцијата, според кабинетот на Османи, била за жалење бидејќи, велат од таму, и придонела за ширење пропаганда против Косово.

-Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа Претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово, се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.

Оттаму го поздравуваат изразувањето жалење од страна на Мицкоски, но велат дека досега институциите на Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота.

-Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право, се вели во дописот.

Според кабинетот на Османи, ситуацијата може лесно да се надмине доколку во Скопје има политичка волја.

Инцидентот на скопскиот аеродром беше главна точка на вчерашната посета на Курти. Резултираше со кривична пријава за шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши и дисциплински постапки против неговите двајца колеги со кои тој влетал со пиштол во ВИП делот од аеродромот во одбрана на косовската претседателка.

Мицкоски вчера изјави дека вакви два слични инциденти имало и на 16 септември и 9 октомври минатата година. Но, деталите за нив ќе бидат објавени заедно и откако ќе заврши истрагата и за случувањата на 1 август, во конечниот извештај за инцидентот со косовската претседателка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…