Киев очекува да добие пет милијарди евра помош од ЕУ

t

Премиерот на Украина, Денис Шмихал, денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели.

–Помошта од ЕУ ќе придонесе за стабилност на украинската економија, армија и претстојната грејна сезона, објави Шмихал на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Украинскиот премиер рече и дека Германија есенва ќе и достави на Украина софистицирани системи за воздушна одбрана.

Шмихал вчера допатува во Берлин, а денеска покрај средбата со Штајмајер предвидено е да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…