Киев повторно во мрак: Прекинат јавниот превоз во градот

t

Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии.

Метрото во Киев не е засегнато од мерките за штедење струја.

Повторените руски напади врз украинската енергетска мрежа предизвикаа сериозни штети, особено во Киев. Кличко на почетокот на оваа недела изјави дека тримилионскиот град може да задоволи само половина од потребите за електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за…

Русија активираше интензивен ракетен напад и напад…

Путин го повика Киев на директни преговори…

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Украина…

Кос: Ако треба да чекаме со Украина…

Во некои аспекти, регионот беше подобар пред…

12 лица загинаа во руски напад на…

Русија денеска изврши голем напад со дрон…

Украина бара извинување од „Фокс Њуз“ кој…

Украина денеска ја повика телевизијата „Фокс Њуз“…