Киев повторно во мрак: Прекинат јавниот превоз во градот

t

Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии.

Метрото во Киев не е засегнато од мерките за штедење струја.

Повторените руски напади врз украинската енергетска мрежа предизвикаа сериозни штети, особено во Киев. Кличко на почетокот на оваа недела изјави дека тримилионскиот град може да задоволи само половина од потребите за електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Жената осомничена за бомбашкиот напад врз украинскиот…

Tело на жена е пронајдено во близина…

Најмалку 13 загинати и десетици повредени по…

Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се…

(Видео) Русија бомбардираше едно од најголемите христијански…

Едно од најголемите христијански светилишта во Киев…