Ким со пофалба до Путин: Донесовте добра одлука
Народот на Северна Кореја му изразува целосна поддршка и солидарност на рускиот народ, изјави денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат тамошните државни медиуми.
Ким Џонг-ун на својот руски колега му испратил честитка по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија откако започна агресијата врз Украина.
Во соопштението, објавено од севернокорејската новинска агенција КЦНА, не се споменува инвазијата на Украина или вмешаноста на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени „добрата одлука и лидерството на Владимир Путин да ги запре растечките закани на непријателските сили“.
„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интереси на својата земја“, се вели во соопштението
Северна Кореја и Ким Џонг-ун во исто време ја осудија западната воена помош за Украина и уште еднаш ја негираа сопствената помош со ракети и проектили на руската паравоена група Вагнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…