Објавено на:

Ким Јонг Ун им забранил на жените да користат хигиенски влошки, а сексуални односи мораат да имаат на овој начин! Недозволени работи во Северна Кореја кои се шокантни за планетата

t

Каков е животот во Северна Кореја, ќе ви покажат и правилата поставени од тамошниот лидер Ким Јонг Ун. Она што е вообичаена практика во остатокот од светот, таму не е дозволено.

За да го заштитат своето наследство, одморите во странство, западниот начин на живот, одредени фризури, производите на „Coca Cola“, производите на „Apple“, брзата храна, Библијата се само дел од работите кои севернокорејската влада ги забранила, пишува „the-star.co.ke“.

Хигиенските влошки и тампони не се достапни на севернокорејскиот пазар. Жените користат стари навлаки за перници за повеќекратна употреба кои ги мијат по употреба.

Речиси е невозможно да се набави презерватив, бидејќи земјата ги забранила сите видови мерки за контрола на раѓањето.

Мажите мора да носат долги панталони, никако кратки модели. На жените им е дозволено да носат само здолништа и панталони.

Фармерките, пирсовите и „креативните фризури“ се всушност забранети со закон бидејќи го симболизираат американскиот империјализам.

Не е дозволено да имате коса под половината, да ја имитирате фризурата на Ким Јонг Ун и да носите високо опавче со прамен преку челото и едното око, пишува „Daily mail“. Не се дозволени панталони, маици со странски натписи, чанти на рамо – дозволени се само чанти носени во една рака и ранци.

Не се носат и широки панталони како оние во кои се појавува Ким. Од мажите се очекува да имаат кратка коса, додека жените имаат малку повеќе избор – иако сè мора да биде во склад со конзервативните стилови без никакви навестувања на бунт.

Традиционалната носија, позната како „Чосон-от“, често е потребна за официјални настани и јавни собири, бидејќи промовира чувство на национален идентитет и гордост за корејското наследство. Но, дури и надвор од церемонијалните прилики, од граѓаните се очекува да се придржуваат до униформни кодекси на облекување кои одразуваат скромност и строгост.

Жените и мажите можат да изберат од 15 модели на дозволени фризури. Оние кои носат „нелегални“ фризури ризикуваат казна, вклучително парични казни, принудна работа или дури и затвор.

Ако сте турист, целата ваша музика, телевизија, филм и пишан материјал ќе бидат темелно проверени пред да влезете во земјата. Државата нуди неколку телевизиски канали, од кои сите се под владина контрола. Остварувањето меѓународни повици е кривично дело. Во 2007 година беше убиен човек кој упати неколку меѓународни повици.

Консумацијата на марихуана е прифатено и за разлика од повеќето земји, продажбата и консумирањето на дрогата не е казниво со закон.

Професијата ја избира владата, врз основа на потребите на земјата. Оние кои нема да ги почитуваат се испраќаат на принудна работа. Граѓаните не смеат да имаат исто име како актуелниот претседател. Сите по име Ким мораа да си го променат името со закон.

Не се дозволени билети за музички концерти, Wi-Fi, спортски автомобили, западни списанија, новогодишни елки или било какви други празнични декорации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ким Јонг Ун им забранил на жените…

Каков е животот во Северна Кореја, ќе…

19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско

19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско.…

20-годишник и уште две лица уапсени во…

Вчера полицијата апсеше за дрога во скопски…

Таравари му даде „осмица“ на здравството: Младите…

Новата 2025 година во македонското здравство е…

Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа…

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството…