Објавено на:

Кина ги обвини САД за хакирање на биткоин паричници и кражба на 13 милијарди долари

t

Тешки обвинувања пристигнуваат од Кина, каде што локална безбедносна фирма тврди дека владата на Соединетите Американски Држави хакирала биткоин паричници и украла криптовалути во вредност од 13 милијарди долари.

Сепак, според блокчејн форензичката анализа и документите на Министерството за правда на Соединетите Американски Држави, сè упатува на поинакво сценарио, односно на експлоатација на безбедносен пропуст во софтверска алатка, а не на хакерски напад поддржан од државна институција. Ова го пренесува порталот Крипто Слејт.

Податоците снимено на блокчејнот откриваат дека кон крајот на декември 2020 година, за само два часа, биле преместени 127 илјади биткоини од стотици адреси поврзани со кинескиот рударски базен Лубијан.

Подоцнежната анализа на тимот МилкСад утврдила дека овие паричници биле создадени со софтвер кој содржел критичен безбедносен пропуст што им овозможувал на напаѓачите да ги погодуваат приватните клучеви и да ја преземат контролата врз средствата.

Овие биткоини со години останале неактивни, сè додека не се појавиле во паричници што ги контролира американската влада. Според Министерството за правда, заплената опфаќа 127 илјади и двесте и седумдесет и еден биткоин како дел од истрага за перење пари и измама во која биле вклучени кинескиот претприемач Чен Жи и компанијата Принс Груп.

Аналитичките фирми за блокчејн Елиптик и Аркхам потврдиле дека средствата се истите што исчезнале од паричниците на Лубијан во 2020 година.

Останува нејасно кој го извршил оригиналниот напад. Тимовите што први ја откриле ранливоста, како МилкСад, велат дека не го знаат идентитетот на напаѓачот.

Аналитичарите на Аркхам го опишуваат сторителот како хакер поврзан со Лубијан, посочувајќи дека во моментов може да се идентификува само методот на нападот, а не и лицето зад него.

Од друга страна, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Кина, кој е поддржан од државните медиуми, тврди дека четиригодишната пауза во движењето на средствата укажува на актер поддржан од држава. Со оглед на тоа што биткоините се завршиле во рацете на американските власти, Пекинг заклучува дека токму владата на Соединетите Американски Држави го извршила првичниот напад и подоцна го претставила како легитимна заплена.

Овој заклучок, сепак, се потпира на индиректни претпоставки, а не на нови форензички докази или врска со познати алатки за хакирање што би ја потврдиле вмешаноста на државна институција.

Врз основа на досегашните податоци, аналитичарите наведуваат три можни сценарија. Првото сценарио претпоставува дека во 2020 година криминална група искористила софтверска слабост и ги испразнила паричниците. Американските власти подоцна ги заплениле средствата за време на истрага.

Второто сценарио укажува дека таканареченото хакирање можеби било внатрешно преместување на средства во мрежа поврзана со Принс Груп, по што Министерството за правда имало законска основа да ги заплени биткоините.

Третото сценарио ја следи кинеската тврда линија дека американската влада го извршила оригиналниот напад и го прикрила како судска операција. За ова сценарио, меѓутоа, нема независна техничка потврда.

Додека првите две објаснувања се засноваат на докази потврдени со анализа на блокчејн и официјални документи, третото останува политичко обвинение без форензичка поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ги обвини САД за хакирање на…

Тешки обвинувања пристигнуваат од Кина, каде што…

Пронајдена е почината 56-годишна жена во Струга

МВР информира дека вчера во 17:20 часот…

Загинаа сите 20 членови на екипажот во…

Сите 20 членови на екипажот на турскиот…

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал…

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично…

Претседателот на Чешка: Руските нарушувања на воздушниот…

Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки…