Објавено на:

Загинаа сите 20 членови на екипажот во уривањето на турскиот воен авион

t

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти.

Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога се урнал, соопшти турското Министерство за одбрана на мрежата X, пренесува Usornnews.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази „длабока тага“ и сочувство до семејствата на жртвите.

„Со Божја волја, ќе го надминеме овој пад со минимум страдање. Во нашите молитви сме со нашите маченици“, рече Ердоган.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев  му упати сочувство на Ердоган. 

Се урна авион на НАТО на границата Грузија–Азербејџан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…