Објавено на:

Кина и порача на Индија да „останe мирна“ по објавувањето на контроверзната карта

t

Кина и порача на Индија да „остане мирна“ поради новата кинеска карта за која Делхи вели дека има претензии за нејзина територија.

Индија протестираше откако Пекинг ја објави мапата на која се прикажува североисточната држава Аруначал Прадеш и спорната висорамнина Аксаи Чин како територија на Кина.

Пекинг одговори велејќи дека неговите соседи треба да се воздржат од „претерано толкување“ на прашањето.

Во меѓувреме, извештаите на медиумите велат дека кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно ќе ги прескокне разговорите на лидерите на Г-20 следната недела во Делхи.

Непотврдени извештаи сугерираат дека наместо тоа ќе присуствува премиерот Ли Куанг. Си претходно потврди дека ќе отпатува во Делхи на состанокот од 9 до 10 септември – но кинеското Министерство за надворешни работи не го потврди неговото присуство кога тоа беше побарано на редовниот брифинг за новинарите во четвртокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…

Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Европски е што Петар Богојески не е…

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…