Кина и Русија ставија вето на нацрт-резолуцијата на СБ за дополнителни санкции кон Северна Кореја
Кина и Русија се согласија за вето на резолуцијата на ОН поддржана од САД за нови санкции кон Северна Кореја, причината зад оваа одлука е тестирањата на балистичките ракети.
Гласањето во 15-члениот Совет за безбедност заврши со 13 гласа „за“ и два „против-2, што ја означи првата сериозна поделба меѓу петте постојани членки на најмоќното тело за вето на ОН. Советот за безбедност воведе санкции за Северна Кореја по првата нуклеарна проба во 2006 година и оттогаш ги заоструваше мерките, обидувајќи се да ја ограничи севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и да го спречи нивното финансирање.
Амбасадорката на САД Линда Томас-Гринфилд повика на единство пред синоќешното гласање, нарекувајќи ги севернокорејските тестирања на ракетите „закана за целата меѓународна заедница“.
Пред гласањето, Кина го објави своето противење на новите санкции кон Северна Кореја, а кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Јун, ги повика Соединетите Држави да спроведат „практични“ активности за обновување на дијалогот со Пјонгјанг и изнаоѓање политичко решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров, каде што кризата трае уште по Корејската војна (1950-53) што беше окончана со примирје, а не со конкретен мировен договор.
Јужна Кореја завчера објави дека Северна Кореја извршила пробно лансирање на интерконтинентална и две ракети со краток дострел. Севернокорејската армија оваа година има извршено 17 проби на своите ракетни капацитети.
Во последната резолуција за санкции усвоена во декември 2017 година, Советот за безбедност за обврза на дополнително ограничување на извозот на нафта во Северна Кореја доколку таа лансира балистичка ракета со интерконтинентален дострел.
Амбасадорот на САД во ОН рече дека последните четири години „две членки“ на Советот за безбедност, јасно алудирајќи на Кина и на Русија, го блокирале секој обид да се спроведат санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја.
Резолуцијата што синоќа не беше усвоена требаше да го намали извозот на сурова нафта во Северна Кореја од четири на три милиони барели годишно и да го намали извозот на рафинирани нафтени деривати од 500 илајди барели годишно на 375 илјади. На Северна Кореја исто така требаше да и биде забранет и увозот на минерални горива, минерални масла и минерални восоци. Покрај тоа, резолуцијата предвидуваше забрана за продажба или транспорт на тутунски производи во Северна Кореја, заострување на поморските санкции и забрана на извозот на часовници и ѕидни часовници од таа држава, како и на делови за нив.
Предложената резолуција требаше исто така да наметне глобално замрзнување на имотот на групата „Лазарус“, создадена од Северна Кореја. Според текстот на документот, „Лазарус“ вршела кибер-шпиунажа, кражба на податоци, кражба на пари и деструктивни операции со малициозен софтвер против владини, воени, финансиски, производствени, издавачки, медиумски и забавни институции, како и бродски компании и критична инфраструктура.
Резолуцијата, доколку беше усвоена, ќе ги замрзнеше и средствата на трговската корпорација „Korea Namgang Trading“ што испраќа севернокорејски работници во странство, а кои носат приход на државата.
Санкции беа предвидени и за компанијата „Хегумганг трејдинг“, за која во нацрт-документот е посочено дека имала склучено договор со компанија од Мозамбик за воена опрема вредна шест милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…