Македонската амбасада во Киев погодена во руски ракетен напад
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски ракетен напад, денес, пренесува „360 степени“.
Според редакцијата, иако зградата не била директна цел на ракетниот напад сепак причинета е значителна материјална штета.
„Нанесена е поголема материјална штета на објектот и на просториите во кои е сместена македонската амбасада. Во тие моменти никој од дипломатскиот персонал не бил во дипломатско-конзуларното претставништво, со оглед на тоа што нападот се случил рано изутрината.“ – пишува „360 степени“.
Македонската амбасада во Киев, како што велат извори на редакцијата на 360 Степени, не била директна цел на нападите, туку цел, најверојатно, бил објект во непосредна близина што го користат безбедносно-воени служби на Украина.
Сите членови на македонската дипломатска мисија се добро.
Засега нема информации од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…