Објавено на:

Кина купи речиси половина од светските резерви на храна, обезбедена е залиха за потребите за година ипол

t

Цените на храната се зголемија на рекордно ниво ширум светот. Пандемија, логистички пореметувања, слаба жетва, енергетска криза – сето тоа доведе до зголемени цени на суровините. Во таква ситуација, преголемите апетити на Кина создаваат уште поголем ризик – таа земја купила речиси половина од светските залихи на храна, пишува порталот „Известија“.
Според експертот од Универзитетот во Ворвик, Алистер Смит, светските цени на храната растат побрзо од кога било во речиси половина век.
Постои ризик цените уште повеќе да скокнат поради Кина : според проценките на американското Министерство за земјоделство, Кина чува 69 отсто од светските резерви на пченка, 60 отсто од ориз, 51 отсто од пченица и над 30 отсто од соја. Во 2020 година, Кина купи храна во вредност од рекордни 98,1 милијарди долари. Во изминатата деценија увозот порасна за 360 проценти.
Шефот на Националната управа за резерви на жито, Чин Јујонг, потврди дека државните резерви на храна во земјата достигнале историски максимум. Како што рече, залихите на пченица во Кина ги покриваат потребите за година и пол.

Според Горо Такашахи, професор на Универзитетот во Аичи (Јапонија), активната набавка на храна е принудна мерка на Кина , бидејќи домашното производство стагнира од 2015 година. Имено, Кина има слаби приноси, меѓу другото и поради загадувањето на почвата, а освен тоа, земјоделците мигрираат во мегалополиси.
Зошто на Кинезите им треба толку многу залихи?
Според аналитичарите, фактот што Кина ги зголемува залихите со храна може да биде поврзан со повеќе причини : земјата се осигурува од трговската војна, продолжувањето на пандемијата, лошите жетви и последиците од енергетската криза.
Експертот Леонид Хазанов потсетува дека „2020 г. пред години цели градови беа ставени во карантин поради пандемијата, а на нивните жители мораше да им се обезбеди храна за да се избегнат немири“. Исто така, во 2021 година многу земјоделски земји во светот се соочија со проблеми.
Според експертот, енергетската криза веќе доведе до намалување на производството на минерални ѓубрива и прекин на извозот. Увезените производи се скапи, а не е лесно да се набават – во Европа хемиските компании не работат со полн капацитет, а во Русија се воведени квоти за извоз на азотни и сложени ѓубрива, цените се високи, има потешкотии со транспорт и претовар на агрохемикалии. Според тоа, сеидбата на земјоделски култури во Кина и другите земји во светот може да се намали, што ќе доведе до пад на приносите, рече економистот.
Дополнително, енергетската криза ја суспендираше работата на фабриките во различни индустриски гранки, па се очекува зголемување на невработеноста.
„Во вакви услови акумулацијата на големи залихи на храна е наједноставната и најсигурна опција за снабдување на населението во случај на вонредни состојби“, вели аналитичарот.
Кои земји први ќе настрадаат?
Кинеските власти уверуваат дека „апсолутно нема проблеми со храната“ во земјата. Меѓутоа, проблемот е што храната ќе стане уште поскапа .
„Стоварувањето залихи во Кина е една од причините за поскапувањето на храната ширум светот“, рече Акио Шибата, претседател на Институтот за истражување на природни ресурси во Токио.
Ненаситниот апетит на Кина за резерви на жито доведува до дополнително намалување на глобалната понуда и создава услови за долгорочен раст на цените на храната , пишува Блумберг.
Во таква ситуација, најсиромашните земји ќе бидат први на удар. Според „Волстрит журнал“, ситуацијата е особено напната во Латинска Америка „каде што инфлацијата доведе до пораст на цените на повеќето стоки, а според податоците на ОН, десетици милиони луѓе гладуваат“.
„Меѓу земјите што би можеле да настрадаат се Бразил, САД и Канада, ЕУ, Кина и Јапонија – поради особеностите на нивните економии, структурата на производството, потрошувачката на храна, зависноста од увоз“, рече Хазанов.

Што се однесува до Русија, тој ја оценува ситуацијата како повеќе или помалку стабилна. Хазаров предвидува дека во 2022 година цените на храната може да се зголемат за уште 15-20 проценти .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…