Кинескиот производител на електрични возила BYD го престигна „Тесла“
Во 2024 година, кинескиот производител на електрични возила BYD ја надмина американската компанија „Тесла“ и стана најголемиот светски производител на електрични возила.
Новинската агенција Бломберг наведува дека обемот на продажба на електричните возила на BYD достигнал ниво од 4,25 милиони автомобили во 2024 година. На овој начин кинеската групација го премости јазот со американскиот производител „Тесла“.
BYD доживеа солидна експанзија во 2023 година, зголемувајќи го производствениот капацитет на компанијата, како и бројот на вработени, така што приходите во третиот квартал од 2024 година ја надминаа остварената реализација на лидерот во областа на електрични возила, компанијата Тесла. Во декември 2024 година, кинеската фирма со седиште во Шенжен испорача 509.440 автомобили од категориите на плуг-ин (plug-in) хибриди и возила со батерии. Годишните приходи лани се зголемени за 41 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…