Кинески двојни аршини: Тајван е Кина, ама Донбас не е Украина
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави денеска дека секој обид да се спореди кризата во Украина и прашањето на Тајван претставува „политичка манипулација со задни намери“ и „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“.
Ванг ова го изјави на брифинг со новинарите на прашањето дали Кина ги смета референдумите во четирите украински региони контролирани од руските сили „лажен сигнал за сепаратистичките сили за независност на Тајван“.
„Тајван е составен дел од кинеската територија, прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина, тоа е суштински различно од украинското прашање, тие не можат да се споредуваат“, рече тој, пренесе Танјуг. Тој, исто така, истакна дека Кина отсекогаш се залагала за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, за почитување на основните цели и принципи на Повелбата на ОН, за сериозно сфаќање на легитимните грижи на сите земји во областа на безбедноста, како и како и за сите напори за мирно решавање на кризата. Референдуми за прашањето за присоединување кон Русија се одржаа од 23 до 27 септември во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, како и во регионите Херсон и Запорожје, а големо мнозинство гласачи гласаа за приклучување.
Ситуацијата околу Тајван ескалира по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на почетокот на август. Кина потоа одржа големи воени вежби во близина на брегот на Тајван, воведе санкции за две тајвански фондации, самата Пелоси и нејзините роднини, и презеде голем број други мерки.
Официјалните односи меѓу централната влада на НР Кина и нејзината островска провинција беа прекинати во 1949 година откако силите на Куоминтанг предводени од Чианг Каи-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се преселија во Тајван.
Деловните и неформалните контакти меѓу островот и континентална Кина продолжија кон крајот на 1980-тите. Од почетокот на 1990-тите, страните почнаа да контактираат преку невладините организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…