Објавено на:

Кинески хакери украле 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент

t

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за британски медиуми дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент.

На почетокот на оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт.

Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60 илјади електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

-Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…