Кичевец пријавил дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да си оди од работа
Лишен од слобода кичевец, за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“, следува соодветна пријава
На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.
Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…
(Фото+видео) Дојава за бомба за време на…
Дојава за бомба во спортскиот центар Јане…
Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро
Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…
Силна експлозија на бомба во Атина, била…
Силна експлозија се случи во текот на…
Експлозија на рачна граната во северниот дел…
Во раните утрински часови во северниот дел…