Кичевец се обидел да подигне брз кредит со туѓа лична карта, полицијата го приведе

t

Полицијата во средата привела 28-годишен маж од кичевското село Аранѓел кој се обидел со туѓа лична карта да подигне брз кредит.

„На 27.12.2023 во 13.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел. Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист“, информираат од МВР.

При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…