Кичевец се обидел да подигне брз кредит со туѓа лична карта, полицијата го приведе

t

Полицијата во средата привела 28-годишен маж од кичевското село Аранѓел кој се обидел со туѓа лична карта да подигне брз кредит.

„На 27.12.2023 во 13.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел. Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист“, информираат од МВР.

При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Такер Карлсон откри детали од разговорот со…

Американскиот новинар и конзервативен коментатор Такер Карлсон…

Полимаркет отвори „обложување“ на победникот на изборите…

За разлика од „обложувачниците“ на глобалната платформа…

Мицкоски се сретна со генералниот секретар на…

Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на…

САД И ИРАН БАРААТ ИЗЛЕЗ ОД ВОЈНАТА:…

Паралелно со новата ескалација околу Саудиска Арабија,…

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…