Кичевчанец заработи притвор откако терал друг маж да запали викендичка
На 04.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал преземаа мерки за дорасветлување на кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено со чл.288 од КЗ, а извршено на 4.12.2021 со подметнување на пожар во село Кнежино, Кичевско, во викенд куќа сопственост на С.К. од Кичево, подметнат од страна на осомничениот А.А. од с.Туин, на кого претходниот ден, односно на 3.9.2022 за истото кривично дело од страна на Судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од 8 дена.
При преземањето на мерките, поради постоење на основи на сомневање дека извршил кривично дело “Поттикнување” во врска со “Предизвикување општа опасност” по член 23 вв член 288 од КЗ, односно го поттикнал непосредниот извршител да го стори кривичното дело, лишено е од слобода лицето У.Џ.(48) од Кичево, кој со кривична пријава е предаден во ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…
Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…
Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал…
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против…
Протест во Кичево: „Да се дислоцира ѓубрето,…
Група самоорганизирани граѓани на Кичево денеска излегоа…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…