Клековски: На Инфективна клиника фалат 100 нови вработувања
На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања, беше кажано на денешниот брифинг на директорите на Фондот за здравствено осигурување со медиумите.
– Тој одлив се случи со Ковид-19 и потоа. Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување и состојбата со инфектолози е критична низ територијата на целата држава. Има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати на пензионерите со продолжување до 67 години и така натаму. Мораме и со програмата за специјализација, меѓутоа и со мотивацијата на персоналот, да обезбедиме „ладен погон“, ако може да кажам, минимум капацитети што мораме да ги имаме. Комуницираме со Министерството за здравство, со директорот на Инфективна, со Министерството за финансии. И дел од проблемот таму и сега да се одобрат 100 работни места, нема да има кој да биде вработен, изјави директорот Сашо Клековски.
Тој, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека имаат прецизна евиденција колку лекови се трошат на Позитивната листа во аптеките преку системот на рецепти.
– За жал, имаме никаква следливост на потрошувачката на обичните лекови, ако можам да кажам, во болниците. Скапата биолошка терапија е на условен буџет и таа е со зголемен надзор и следење ако можам да кажам. Дел се структурни проблеми, наследливост, бидејќи различни институции користат различни начини на одбележување на лековите. Има една работна група од сите институции да договориме да го поедноставиме начинот на следење и регистрација, за да дојдеме до точни податоци – колку лекови се употребуваат во болниците, информираше Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…
Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…
Четири лица завршија на Инфективна поради труење…
По добиена информација од епидемиолог од Центар…
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Се шири големата кашлица – годинава потврдени…
Се шири заразната голема кашлица. Според податопците…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…