Четири лица завршија на Инфективна поради труење со храна
По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на 4 лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае.
За лабораториско испитување, земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.
На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за чистење и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица.
Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање, велат од АХВ.
Во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, АХВ упатува апел операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса со цел обезбедување на безбедна храна за граѓаните и заштита на нивното здравје.
Потрошувачите да бидат одговорни купувачи, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Австралиците повикани да се подготват за кризи:…
Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…
Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…
Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…
Децата најчесто се трујат со лекови, средствата…
Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава…