Клековски: Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија

t

🚭 Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија 🇲🇰 – Каква заштита од пушење има во регионот? (2) 📊
Во јавната дебата за законот за заштита од пушење, потребна е споредба со СЗО стандарди, но и со земји слични на Македонија. Предлог законот е со највисоки СЗО стандарди – како стои во споредба со другите на #Балканот, од Словенија 🇸🇮 до Грција 🇬🇷?

✅ Највисока заштита од пушење: Словенија 🇸🇮, веднаш по неа Хрватска 🇭🇷
✅ Многу добра заштита од пушење: Грција 🇬🇷 и Бугарија 🇧🇬
✅ Заштита од пушење: Албанија 🇦🇱, Косово 🇽🇰, Србија 🇷🇸, Црна Гора 🇲🇪
✅ Слаба заштита од пушење: Босна и Херцеговина 🇧🇦

Предлог законот би ја позиционирал Македонија 🇲🇰 веднаш по Словенија 🇸🇮 која има и plain packaging.
Каква е заштита од пушење по посебни критериуми?

🔴 Забрана на пушење во затворени простории
• Целосна, без исклучоци: 🇸🇮, 🇭🇷, 🇲🇰 (ограничени исклучоци)
• Строга, исклучоци во угостителство: 🇬🇷, 🇧🇬, 🇦🇱
• Помалку строга, исклучоци: 🇷🇸, 🇽🇰, 🇲🇪
• Слаба: 🇧🇦

🛑 Забрана на е-цигари
• Забрани како за цигари: 🇸🇮, 🇭🇷, 🇬🇷, 🇧🇬, 🇲🇰
• Нерегулирани или слабо регулирани: 🇷🇸, 🇦🇱, 🇽🇰, 🇲🇪, 🇧🇦

🍭 Забрана за вкусови/ароми
• Забрана: 🇸🇮, 🇲🇰
• Нема забрана: 🇭🇷, 🇬🇷, 🇧🇬, 🇷🇸, 🇲🇪, 🇦🇱, 🇽🇰, 🇧🇦

📢 Забрана за рекламирање
• Целосна: 🇸🇮, 🇭🇷, 🇲🇰 (вкл. инфлуенсери), 🇽🇰
• Строга: 🇬🇷
• Помалку строга: 🇧🇬, 🇷🇸, 🇦🇱, 🇲🇪
• Слаба: 🇧🇦

📦 Plain packaging има само 🇸🇮.
Друго прашање е спроведувањето на законите, посебно забраните за пушење во затворен простор и во угостителство, кое не е целосно надвор од 🇸🇮.
Општи проблеми во спроведувањето се:
– Надвор од големите урбани центри ❓
– Во затворени простории како канцеларии 📑
– Во угостителство, посебно во места со жива музика, клубови, дискотеки, казина, и во доцни вечерни часови 🎉
Спроведувањето на забрана за пушење во затворен простор е полесно во земјите со медитеранска клима (отворен простор).
✅ Да учиме од туѓите искуства за подобра заштита од пушење!
#ЗаштитаОдПушење

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Подготвени за пресврт за пушењето во…

🚭 Подготвени за пресврт за пушењето во…

СДСМ: Кога обвинителството ќе реагира за 161…

Поминаа повеќе од 50 дена од објавата…

Пак сме во периметарот: Трамп ќе ја…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира официјална посета…

Здравко Чолиќ се огласи откако беше фрлена…

Во текот на ноќта, беше фрлена бомба…

ССМ тргнува во блокади прво Собранието, потоа…

По истекот на рокот што работниците го…