Здравко Чолиќ се огласи откако беше фрлена бомба врз неговата куќа: Фала му на Бога, сите се добро

t

Во текот на ноќта, беше фрлена бомба врз семејната куќа на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, која се наоѓа во белградската населба Дедиње. Самиот пејач, кој моментално не е во Србија, проговори за овој настан.

Имено, Чолиќ преку својата ПР агенција истакна дека сите членови на семејството се добро и апелираше за одговорно медиумско известување.
„Моментално сум надвор од Србија. Во Загреб сум, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Во Белград, сè е во ред, фала му на Бога, сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во најновите текстови беа протолкувани на начин што не одговара на точната и вистинска ситуација. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, истакна Чолиќ.

Според досега достапните информации, во експлозијата нема повредени, но е предизвикана значителна материјална штета.

„Голем дел од фасадата на куќата е оштетен, како и оградата во дворот. Прозорците на возилото што било паркирано во дворот исто така биле испукани, а оштетен е и самиот автомобил“, открил извор за српските медиуми.

Да ве потсетиме дека српските медиуми објавија дека синоќа била фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград.

Во моментот на експлозијата, Здравко Чолиќ не бил во куќата со своето семејство.
Како што наведува за Telegraf.rs, полициските сили веднаш ги блокирале приодите кон зградата по пријавата, а истрагата ја спроведуваат на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…

Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…

(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…

Во масовен бран напади со украински беспилотни…

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…

ВЛЕН: Артан Груби е пред правдата, а…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво…

ЈП „Водовод и канализација“ уверува: Скопската вода…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…