Коалициониот на Мицкоски повикува: Гласајте за Хаким Рамадани, не за Македонецот!
На социјалните мрежи се шират повици да се гласа за Албанецот, не за Македонецот кандидат за градоначалник на Брвеница.
Во вториот круг на локалните избори во Брвеница влегоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски и кандидатот на ВЛЕН, Хаким Рамадани.
Покрај тоа што се организира албансаката дијаспора да биде вратена за гласање во вториот круг, на социјалните мрежи се шират и шовинистички повици да се гласа за Албанецот, не за Македонецот.
– Повик до сите соселани од селото Челопек кои живеат во Швајцарија: Хаким Рамадани победи во првиот круг, сега вториот круг е на 2.11.2025. Ве молам, дојдете сите и гласајте. Не барајте изговори, знам дека сите имате можност да дојдете. Гласајте за Хаким Рамадани, а не за Македонецот. Некои Албанци гласаа за странецот за малку пари… срам да ви е, ја продадовте душата на ѓаволот! Разбудете се, дојдете во вашата татковина, во вашето село и гласајте за вашиот брат Албанец Хаким Рамадани – стои во објава на член на ВЛЕН, коалиционите партнери во Владата на Мицкоски.

Инаку Мицкоски не кандидираше кандидати за градоначалници во повеќе места, како Тетово, Струга, Гостивар, каде отворено беа поддржани кандидатите на ВЛЕН.
На социјалните мрежи се шират информации за организирање на иселеното албанско население да се врати за гласањето во вториот круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коалициониот на Мицкоски повикува: Гласајте за Хаким…
На социјалните мрежи се шират повици да…
ВЛЕН повикува на обединување на сите албански…
ВЛЕН и нивниот кандидат Хаким Рамадани кој…
Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа – најбрзиот…
Кога ги објавив овие бројки во првата…
Мециновиќ: Скопје се разбуди, сега сопствените соништа…
Кандидатите за градоначалници за Град Скопје, Амар…
ОФИЦИЈАЛНО: Mециновиќ и Ѓорѓиевски во борба за…
На 99,94% од обработените податоци согласно Државната…