Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа – најбрзиот пад на било која владејачка партија во историјата на Македонија
Кога ги објавив овие бројки во првата половина на август, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните медиуми, очајнички се обидуваа да демантираат, тврдејќи дека изнесувам невистини во јавноста. Но, вчерашното гласање ги демантираше оние што демантираа. ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа, а разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ e значително намалена, напиша на Фејсбук политичарот, поранешен градоначалник и амбасадор – Андреј Жерновски.
Тој вели „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Тоа е најголемиот и најбрзиот пад на било која владејачка партија во историјата на македонскиот политички плурализам“.
„Трендот е тој и во наредниот период ќе продолжи со исто темпо. Се разбира, ние треба да си погледнеме во својот двор за да видиме како да се вратиме на старите патеки. Во тој смисол, Скопје е најголемиот предизвик. На сите победници им го честитам успехот и им посакувам плоден мандат“ напиша Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…