КОБЕН БИЛ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН! Детали за несреќата кај Врање во која загина момче од Македонија

t

Во автомобилот имало повеќе лица кои биле во ресторан во Врање, а загинатиот е на возраст од 25 години.

Македонскиот државјанин, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во близина на Врање, е 25-годишно момче, кое со пријателите претходно било во ресторан во центарот на Врање, пишуваат српски медиуми.

Во возилото имало повеќе лица. На враќање се сетиле дека заборавиле еден мобилен телефон во кафеаната каде што ручале, па се обиделе да се вратат, но го згрешиле патот.

Обидувајќи се да се вратат назад, од непознати причини дошло до несреќата, во која нивното возило удрило во насип покрај патот. Во автомобилот имало неколку лица, од кои едно починало на самото место на несреќата, а друго е примено на лекување во Здравствениот дом во Врање, каде му е укажана медицинска помош.

Не е потврдено дали загинатото момче управувало со автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…