Ковачевски: Антикризните мерки дадоа одличен резултат – Граѓаните имаат субвенционирана струја

t

Премиерот Димитар Ковачевски вчера вечер во интервју за „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека Владата прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна. Претходните антикризни мерки дадоа одличен резултат, го намалија ценовниот шок и оптеретеноста на граѓаните и компаниите. Сега се работи на нови антикризни мерки.

„Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ еден многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ и така натаму, каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија.

Врз основа на очекувањата но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ.“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80% субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле 5 пати повисока цена на електрична енергија.

„За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи,  за нас е референтна  унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија.

Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…