Ковачевски бара комплетно кревање на рампите на границите за регион кој 100% ќе комуницира по сите основи

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на Самитот Отворен Балкан во Белград се осврна и на прашањето со застојот на границите меѓу земјите од Отворен Балкан и предложи да се укинат не само сите административни бариери туку и рампите за брз проток на стоки и патници.

-Сакам да завршам со адресирање на едно прашање кое го гледаме цело лето на границите меѓу Србија и Северна Македонија, помеѓу Северна Македонија и Албанија. Ние сме веројатно единствениот регион во светот особено во Европа кој има граници меѓу себе и јас никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кои меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансираат проекти за унапредување на граничното управување и затоа сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување не само на административните бариери на границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија туку и комплетно кревање на рампите и правење на регион којшто 100% комуницира меѓу себе по сите основи, нагласи премиерот Ковачевски.

Неговата идеја ја поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ кој додаде:

-Му благодарам на Димитар кој добро забележал како европските земји многу вложуваат во унапредувањето на граничните премини на Балканот, а самите своите ги укинаа. Веројатно ќе успееме до тоа ниво и ние да немаме граници, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…