Ковачевски бил црпнат од фабрика, знаел тој како е

t

Премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Текспорт“. Rече дека законските измени за недела неработен ден и зголемување на платата на 18.000 денари се потврда дека тој, како што вели, е секогаш на страната на работникот.

– Јас сум на страната на работниците, јас сум работел и во фабрика, сум бил и работник, сум бил и менаџер, сум бил и сопственик и знам колку е значајно за работниците да бидат заедно со своите семејства. Ќе можат подобро да ги воспитуваат децата и да им се посветат барем еден цел ден во неделата, одговори Ковачевски на новинарско прашање, коментирајќи ја имплементацијата на измените за недела неработен ден.

Министерката за труд и социјална политика Јован Тренчевска истакна дека по завршувањето на секој месец на веб-страницата на Државниот инспекторат на труд ќе има збирен извештај за извршените контроли за почитувањето на законските измени за недела неработен ден и дека ќе бидат истакнати правните лица – прекршители.

Ковачевски претходно најави дека разговорите за зголемувањето на пензиите, односно финансиската помош за пензионерите, ќе започне в петок и дека мерката ќе биде скалеста.

– Анализите се водат во насока помошта за пензионерите да биде скалеста, односно оние кои што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние кои што имаат повисоки пензии, соодветно на тоа да добијат таков износ. Во овој момент не можам да ви кажам за конкретен износ со оглед на тоа што анализите се прават, а разговорите започнуваат во петок, наведе премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Македонските пензии најниски во регионот

Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…