Ковачевски: Блокадите се современ чин на предавство кон народот и државата

t

Блокадите се нов, современ вид на национално предавство, рече Димитар Ковачевски во денешното обраќање од Куманово по повод 11 Октомври.

– Денес, во глобалниот контекст на случувања, да се застане на вистинската страна значи да се помогне да се обезбеди безбедниот и економски напредок и живот  на граѓаните.

Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план,  изолацијата на државата-се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.

Ако прифатиме дека значењето на антифашистичката борба е безвременско и државничко, дека е одраз на континуитет и бара континуитет, тогаш европскиот напредок на Република Македонија е нашата вистинска страна и нашата битка кон успехот на тој план.

Свесен сум за загриженоста што ја предизвикуваат обидите за спорадични и иритирачки провокации, коишто повремено и намерно се стимулираат во земјава, од страни, чиишто интерес се реакции-спротивни на остварувањето на нашите државни стратешки цели, или со подлабоки мотиви.

Но, ние сме целосно посветени на заштитата на државните интереси и кон институционални решенија, согласно законите и европското поведение и на овој начин ќе се справуваме со таквите предизвици.

Веруваме дека, како и за сè досега, нашата мудрост е и врата и клуч за нашата европска иднина-клуч за предизвиците и врата за решенијата.

Оние кои се заробени во историјата, ја заробуваат и историјата во себе и така таа станува нивна кочница.

Но ние имаме европски поглед и тој е насочен кон иднината, врз база на историјата од којашто учиме и која што ја славиме како што ја славиме и денес тука во Куманово на 11 Октомври.

Така нејзината вредност наместо да заробува-ослободува и води напред. Оваа гледна точка нам нè поставува на вистинската страна и со тоа ни дава за право да веруваме дека ќе успееме во битката на нашето време.

Тоа е погледот напред каков што го имале Мирче Ацев, Стив Наумов, Коста Солев Рацин, Бајрам Шабани, Христијан Тодоровски Карпош, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни борци во НОБ, кои дејствувале по примерот на  Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули и други бројни илинденци, а за чии подвизи пишувале Славко Јаневски, Ацо Шопов, Блаже Конески, се пишува денес и ќе се пишува за навек на македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…